Еуро Хотел Градче

Без уличен систем бр.55, Кочани

  • Број на соби: 25

  • Пријава: 07:00 - 24:00

    Одјава: 07:00 - 11:00

Почнувајќи од: 20

Еуро Хотел Градче се наоѓа на 6 км северно од градот Кочани. Лоциран е на 550 метри надморска височина на брегот на езерото Градче, сместен во живописна клисура со атрактивна околина.

Хотелот располага со:
  • 25 комфорно-стилско уредени соби од кои 4 апартмани
  • ресторан сала со капацитет до 420 седишта
  • мал ресторан со капацитет од 90 седишта
  • конференциска сала за состаноци
  • кафе бар
  • четири летни тераси
  • билијард
  • пинг-понг
  • сопствен паркинг плац
  • традиционална кујна со локални специјалитети

Конференциска сала е опремена со аудио-визуелна опрема:микрофони-жичани, миркофони – Wi-fi, TV LCD, LCD projector, DVD плеер, лап топ, флип чарт табла, интернет, скенер, принтер, копии, симултан превод со претходна најава.

Во хотелот организираме свадби, родендени за деца и за возрасни, момчешки вечери, крштевки, матурски вечери, апсолвентски забави, 8-мо мартовски забави, Пр-настани итн.

Еуро Хотел Градче на своите ценети гости им нуди сместување во автентична градба, традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од еко-производи и производи со органско потекло, авантури: планинско пешачење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, излет со скара покрај езеро, прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.

Цена по соба за едно ноќевање

Вклучено 5% ДДВ, 0.68% туристичка такса

  • Single Room

    Вклучен доручек

    Max

    20 €

  • Double Room

    Вклучен доручек

    Max

    26 €

  • Triple Room

    Вклучен доручек

    Max

    31 €

  • Quad Room

    Вклучен доручек

    Max

    37 €

  • Apartment

    Вклучен доручек

    Max

    37 €

Деца и дополнителни кревети

Бесплатно! Едно дете под 7 години престојува бесплатно кога се користи постоечко легло.
  • За едно дете од 7 до 14 години во дополнителен кревет се наплаќа 50% од цената на собата за една ноќ. Изразено во евра 10 ЕВРА.
  • За едно постаро дете или возрасен во дополнителен кревет се наплаќа 100% од цената на собата за една ноќ. Изразено во евра 20 ЕВРА.
  • Барањето на било каков вид на екстра кревет или детско креветче, треба да биде потврдено од страна на менаџментот.
  • Максималниот број на помошни легла во соба е 3.
  • Додатоците не се пресметуваат автоматски во вкупните трошоци и ќе треба да се платат одделно во текот на вашиот престој.

Локација

Располага со

  • Ресторан
  • Бар
  • Бизнис Центар
  • Конференциска сала
  • Сала за состаноци/прослави
  • Казино
  • Продавница за сувенири
  • Менувачница
  • Спа центар
  • Фитнес центар
  • Сауна
  • Масажа
  • Базен
  • Тераса
  • Паркинг
  • Wi-Fi интернет
  • Телефон
  • TV
  • LCD TV
  • Мини бар
  • Фен
  • Клима уред
  • Џакузи
  • Бања или туш
  • Собна услуга
  • Појадок во соба
  • Перална
  • Превоз до аеродром
  • Изнајмување на автомобили
  • Сеф