Условите и надлежностите, кои одвреме навреме може да претрпат одредени промени, се применуваат за сите наши услуги кои се директно или индиректно достапни преку интернет, преку кој било мобилен апарат или преку електронска пошта.
Со пристапување, пребарување и користење на нашиот веб-сајт или нашата апликација (во понатамошниот текст наведени како "HR") и со пополнување на одредена резервација, прифаќате и се согласувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле со условите утврдени подолу (вклучувајќи ја и изјава за приватност).
Содржината и инфраструктурата на овие страници, како и услугата за сместување и онлајн резервации преку овој веб-сајт и апликацијата, се во сопственост, управувани и обезбедени од www. hotelimakedonija.com.mk и www.restoranimakedonija.com.mk (понатаму во текстот "HR", “нас”, “ние”, “нашите”) и се предвидени за ваша лична, некомерцијална употреба како предмет на условите утврдени подолу.
"HR" обезбедува онлајн платформа преку која сите видови на привремено сместување (хотели, мотели, хостели, апартмани и сл.), може да ги рекламираат своите сместувачки капацитети за резервација, а истовремено преку “HR” на посетителите им се овозможува брз пристап и правење на резервации.
Со правење на резервација преку “HR”, ќе влезете во директен (правно обврзувачки) договорен однос со сместувачкиот капацитет каде што резервирате. Од моментот кога ќе се направи вашата резервација, “HR” работи само како посредник помеѓу вас и сместувачкиот капацитет, односно пренесување на деталите на вашата резервација до релевантните сместувачки капацитети или провајдерот Booking.com - парнер на “HR”, како и испраќање на електронска потврда (е-мејл) во име на сместувачкиот капацитет или провајдерот.
Сите информации кои се презентирани на “HR” се врз основа на информациите доставени до нас од страна на сместувачките капацитети. Оттука, сместувачките капацитети се целосно одговорни за ажурирање на сите содржини и информации кои се прикажани на нашата веб-страница. Иако ние во континуитет ќе ја почитуваме професионалната вештина и грижа во вршењето на нашите услуги, ние не можеме да гарантираме дека сите информации се точни или целосни, ниту пак можеме да бидеме одговорни за какви било грешки (печатни, фотографии, цени итн.), неточни, погрешни или невистинити информации, прекин или дефект.
Секој сместувачки капацитет останува одговорен за точноста и комплетноста на сите описни информации прикажани на нашата веб-страница. Нашата веб страница не претставува и не треба да се смета како препорака или одобрување на квалитет, услуга на ниво, квалификација или (ѕвезда) рејтинг на сместувањата ставени на располагање.
Нашите услуги се достапни само за лична и некомерцијална употреба. Затоа, не ви е дозволено повторно да продавате, користите, копирате, преземате или репродуцирате која било содржина или информација, софтвер или услуга достапна на нашата веб-страница за комерцијални или конкурентни активности или цели.
Цените на нашиот сајт се високо конкурентни. Сите цени на “HR” веб-сајтот се по соба и се прикажани со вклучен ДДВ и сите други давачки, освен ако не е наведено поинаку на нашата веб страница или е добиена потврда на е-мејл.
Понекогаш на нашата веб страница се достапни попусти и поевтини цени за одреден престој и сместување. Овие стапки направени од страна на сместувачките капацитети можат да носат посебни ограничувања и услови, на пример во однос на начин на плаќање, откажување на резервација и сл. Ве молиме проверете ги темелно условите пред да се направи вашата резервација.
Во случај на прецртана стапка, важечка е цената која е на промоција. Ова значи дека можете да ја добиете истата соба за пониска цена во споредба со другите check-in датуми за исто време од годината. Наша цел е да плаќате најниска можна цена за вашиот престој.
“HR” користи високи етички стандарди и ja почитува вашата приватност. Заштитата на податоците е загарантирана согласно постојните законски регулативи. По завршување на вашата резервација, ние нема да ги откриеме вашите лични податоци на трети лица без ваша согласност.
Нашата услуга е бесплатна. За разлика од многу други, ние нема да ви наплатиме за нашите услуги или да додадеме дополнителни трошоци за вашата резервација. Ние нема да ви наплатиме од вашата кредитна картичка, туку плаќањето ќе го извршите директно во местото на вашиот престој или преку Booking.com.
Тие се вршат преку “HR” директно во сместувачките капацитети или со префрлање до веб-страницата на нашиот парнер Booking.com (од каде што може да се доврши резервацијата).
На деца и лица под 18 години не им е дозволено правење резервации преку нашата веб-страница.
Со пополнување на резервацијата, вие се согласувате да добиете е-маил кој ќе ви се испрати кратко време по вашето барање за резервација, а кој ќе ви даде информација за вашата дестинација или одговор на вашите прашања. Е-мејлот ќе ви биде испратен од “HR”, од сместувачкиот капацитет или од Booking.com.
Со правење на резервација за сместување, вие прифаќате и се согласувате со резервацијата и со условите за сместување кои сте ги одбрале. Ве молиме, имајте предвид дека одредени стапки или специјални понуди не се подобни за откажување или за промена. Ве молиме, проверете ги условите и деталите за собата темелно пред да ја направите вашата резервација.
Ако сакате да ја видите, промените или да ја откажете вашата резервација, ве молиме пратите ни известување по е-мејл . Ве молиме имајте предвид дека може да ви биде наплатено за вашето откажување во согласност со политиката за откажување на сместувачкиот капацитет.
“HR” не е одговорен за настанатите промени во однос на цените и за потврдите за резервации добиени од страна на сместувачкитe капацитети.
Ниту ние, ниту кој било од нашите службеници, директори, вработени, партнери, агенти или други што се вклучени во создавањето, спонзорирањето, промовирањето или ставањето на информациите на сајтот и неговата содржина, нема да бидат одговорни за евентуално индиректно или директно губење на профит; загуба на приходи; губење на договорот; губење или оштетување на угледот; губење на информации во врска со описот; информации (вклучувајќи стапки, достапност и рејтингот) за сместување ставени на располагање на нашиот веб сајт; извршените услуги понудени од страна на сместувачките капацитети; сите (директни, индиректни, последователни или казниви) штети, загуби или трошоци претрпени, настанати или платени од вас; за секоја (лична) повреда, смрт, имотна штета, без разлика дали се должи на (законски) акти, грешки, нарушување, невнимание, намерна злоупотреба, пропусти, погрешни интерпретации.
Освен ако не е поинаку наведено, изгледот, содржината, информациите и фотографиите на нашата веб-страница се во сопственост на “HR” и сместувачките капацитети.
Booking.com е со седиште во Амстердам, Холандија, и има професионални парнери низ целиот свет. Партнерите немаат никаква моќ или авторитет да ги претставуваат Booking.com или да влезат во кој било договор во име на Booking.com. Booking.com не прифаќа ниту пак презема ниедна локација или канцеларија во светот освен таа регистрирана со седиште во Амстердам.
Веб страниците: www.hotelimakedonija.com.mk и www.restoranimakedonija.com.mk и апликацијата се во сопственост на Друштво за производство за промет и услуги ИН ДИЗАЈН СТУДИО доо Скопје. За сите информации или прашања може да нѐ контактирате на следниот
e-mail: indizajn@t-home.mk
Доколку не е наведено поинаку во информациите на самиот хотел, во најголем број случаи цената се однесува за ноќевање за една вечер и во неа е вклучен појадок, таксата за престој и ДДВ.
Кај повеќето хотели потребна е валидна кредитна картичка како гаранција за вашата резервација. Нудиме и одреден број хотели кои ја гарантираат вашата резервација без кредитна картичка.
А. Доколку за време на правење на резервацијата бидете префрлени на веб-страницата на нашиот партнер Booking.com тогаш откако ќе го комплетирате процесот за резервација ќе се појави страница за конфирмација. Оваа страница ги покажува сите детали од резервацијата. Истовремено ќе добиете и е-маил со потврдување на вашата резервација со сите детали за неа.
Б. Доколку резервацијата не оди преку Booking.com ќе бидете контактирани директно од страна на хотелот со цел комплетирање на деталите од резервацијата.
По правењето на резервацијата сите информации за хотелот, вклучувајќи ги и телефонскиот број и е-маилот ќе ви бидат достапни во е-маил потврдата за резервација.
Откако ќе ги наведете деновите за престој, типот на собата и бројот на лица, цената ќе ви биде видливо достапна.
Категоризацијата на хотелите во Македонија е направена согласно европските стандарди.
Повеќето хотели не бараат оставање депозит или плаќање однапред. Доколку постои такво нешто тоа ќе биде наведено во е-маилот за потврда на резервацијата.
Посебно кај секој хотел во делот за цените се наведени условите за деца и за дополнителен кревет.
Нашата апликација може да ја пронајдете на Google Play Store и лесно да ја симнете. Апликацијата е бесплатна.
Со инсталирање на нашата апликација ќе можете најбрзо и најлесно да дознаете кои се хотелите и рестораните во вашата близина, како да стигнете до нив, да ги видите можностите за сметување, цените, капацитетите и да направите резервација.
Скопје
506,926 Број на жители во Скопје
20 Ресторани во Скопје Страната сеуште се надополнува.
30Хотели во Скопје
Почитувани посетители, во моментот се развива мобилна апликација која ќе ви помогне да најдете хотелско сместување и ресторани во ваша близина.
Нашите експерти ги имаат избрано најуникатните и најквалитетните хотели насекаде низ Македонија.
Без разлика дали престојувате во град, покрај брег или во село, Hotelimakedonija.com.mk со гаранција ги нуди најдобрите цени.
Услугата за резервација на Hotelimakedonija.com.mk е бесплатна. Не наплаќаме ниту за резервација ниту за какви биле администратвни трошоци, а во повеќето случаи собите можат да се откажат бесплатно.
Системот за резервација на Hotelimakedonija.com.mk е сигурен, а вашите лични информации и број на кредитна картичка се енкриптирани. Работиме со високи стандарди за да ја гарантираме вашата приватност.
Повеќе »
од 88 €
од 70 €
Гевгелија
од 75 €
од 85,81 €
Битола
од 39 €
Куманово
од 25 €
Охрид
од 30 €
од 89 €
Loading ...
Интернационален Ресторан
Гостивар
Велес
Национален Ресторан
Вевчани
Ресторан за Прослави